/ Прочитано:

1.345

КРИВИЧЕН СУД: Куќен притвор од осум дена за Савески и Куновски

„По разгледување и ценење на предлогот, како и сослушување на лицата во врска со предлогот на Обвинителството во присуство на нивен бранител, судија на претходна постапка донесе одлука со која на Савески и Куновски им определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена, како и мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа“, велат од Кривичниот суд.

????????????????????????????????????

Куќен притвор во траење од осум дена им е определен на Здравко Савески и на Владимир Куновски од „Левица“ кои денеска, по сослушување во полициска станица, со кривична пријава беа предадени на Основното јавно обвинителство Скопје.

Како што потврдуваат од Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка во текот на денешниот ден биле спроведени Савески и Куновски со предлог од Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело од членот 385 од Кривичниот законик.

„По разгледување и ценење на предлогот, како и сослушување на лицата во врска со предлогот на Обвинителството во присуство на нивен бранител, судија на претходна постапка донесе одлука со која на Савески и Куновски им определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена, како и мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа“, велат од Кривичниот суд.

Според Министерството за внатрешни работи двајцата осомничени учествувале во протестите на 14 април, при што било утврдено дека Савески го извршил кривичното дело на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорге Иванов и фрлил предмет кон Народната канцеларија, додека Куновски го извршил кривичното дело на тој начин што, додека се наоѓал во внатрешниот дел од Народната канцеларија на претседателот, преку искршениот прозорец исфрлил неколку канцелариски столчиња на тротоарот.

„Левица“ бара да престане кривичниот прогон против нивни членови и поддржувачи и против лицата што протестираат

МВР: Кривични пријави за учество во толпа против Савески и уште едно лице