/ Прочитано:

1.413

КРИВИЧЕН СУД: Одбиени жалбите на СЈО за притворот за Јанакиески и за Темелко

„Кривичниот совет составен од тројца судии по секој поединечен предмет по жалба на обвинителството во кој како членови на совет учествуваа сите судии од Одделот за организиран криминал и корупција донесе решение со кое жалбите на Специјалното јавно обвинителство се одбиваат како неосновани, а решението на судијата на претходна постапка се потврдува“

Osnoven-sud-Skopje-1

Кривичниот совет од Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги отфрлил жалбите на Специјалното јавно обвинителство за притворот за осомничените во предметот „Титаник“.

Во соопштение објавено доцна попладнево се наведува дека жалбите на СЈО за притворот се одбиваат како неосновани, а решенијата на судијата на претходна постапка се потврдуваат.

„Кривичниот совет составен од тројца судии по секој поединечен предмет по жалба на обвинителството во кој како членови на совет учествуаа сите судии од Одделот за организиран криминал и корупција донесе решение со кое жалбите на обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за лицата Е.Т., М.Ј. М.П., и К.М., се одбиваат како неосновани, а решението на судијата на претходна постапка се потврдува“, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Против овие решенија не е дозволено право на жалба.

Кривичниот совет одлучувал само за жалбите кои се однесуваат за неопределувањето на притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, градоначалникот на Општина Пустец, Албанија, Едмонд Темелко и уште две лица.

Не е наведено кога ќе се одлучува по жалбите за останатите осомничени во предметот кој го води СЈО под името „Титаник“

Во понеделникот на распит во Кривичниот суд беше поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа е осомничена за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ од чл. 394 ст. 1 и „повреда на избирачкото право“ од чл. 159 ст. 2 в.в. со ст.1 в.в. со чл. 45. Освен Јанкулоска, истиот ден на распит во Судот бил и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски. Тој е осомничен за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ од чл. 394 ст. 1 и „злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања“.

Пред судија на претходна постапка во понеделникот било изведено и лицето К.Т. осомничено дека ги сторило кривичните дела „злосторничко здружување“ од чл. 394 ст. 2 и „повреда на избирачкото право“ и лицето Н.В. кое е осомничено дека ги сторило кривичните дела „злосторничко здружување“ од чл. 394 ст. 2 и „повреда на избирачко право“.

За сите осомничени беше донесено решение со кое се отфрла предлогот за притвор на Специјалното јавно обвинителство.

Минатата недела, на распит пред судија на претходна постапка беше изведен поранешниот министер за транспорт и врски, Јанакиески, и градоначалникот на Пустец, Темелко. Јанакиески е осомничен за делата „злосторничко здружување“ од чл. 394 ст. 1, „поткуп при избори и гласање“ и „уништување на изборен материјал“. Темелко, пак, е осомничен за делата „злосторничко здружување“ од чл. 394 ст. 2, „повреда на избирачко право“ и „поткуп при избори и гласање“.

За поранешниот член на Општинска изборна комисија на Чаир, Исмет Гури, Судот определи мерка за претпазливост, односно забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Истражната постапка за предметот „Титаник“ продолжува понатаму, потенцираа од Специјалното јавно обвинителство. Барањата за притвор за лицата осомничени за изборни нерегуларности биле доставени со цел да се обезбеди присуство на осомничените.

ТЕЧЕ РОКОТ: Кривичниот совет во рок од 48 часа треба да одлучува по жалбите за притворот за осомничените во предметот „Титаник“

КРИВИЧЕН СУД: Одбиен предлогот за притвор за Јанкулоска и за Божиновски

КРИВИЧЕН СУД: Мерка за претпазливост за Исмет Гури