/ Прочитано:

1.583

Кривична пријава против 18 лица осомничени за фалсификување на лични документи

Понеделник, 9 јули 2012 – МВР поднесе кривична пријава против 18 лица, поради постоење на основано сомнение дека истите ги сториле  кривичните дела  злосторничко здружување и  фалсификување исправа.  Од нив  17 се македонски, а еден е косовски државјанин.

По повеќемесечна меѓународна истрага на МВР, во соработка со полициските служби од регионот и Европа разоткриена е меѓународна криминалната група која подолг временски период се занимавала со набавување и фалсификување на: странски патни исправи, лични карти, возачки дозволи, осигурителни картички, дипломи, како и изготување на документи  и  исправи од институциите на РМ , велат од МВР.

Цената на овие документи се движела од 100 евра до 3500  евра, согласно видот и квалитетот на фалсификуваниот документ.

При претресот во шест објекти на подрачјето на Скопје, сопственост на дел од пријавените лица пронајдени се опремата и средствата кои биле користени за изработка на фалсификуваните документи и тоа:

  • 6 компјутери;
  • еден Лап Топ компјутер;
  • 84 бланко картички;
  • фолии за пластифицирање;
  • фалсификувани косовски дипломи;
  • специјални лупи, машина за пластифицирање;
  • бланко фолии;
  • фотографии;
  • фотокопии од документи од лица;
  • десет принтери;
  • едно УСБ;
  • фотографии од лица и др.

Истрагата била реализирана во рамките на координирана акција, под псевдоним „Кондор“, при што за време на акцијата, се приведени вкупно 12 членови на криминалната група на возраст од 21 до 62 години, од Скопје и Прилеп, додека 6 лица не се достапни на органите на прогон.