/ Прочитано:

653

КРИВИЧНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТЕНДЕРИ“: Се одбива жалбата на СЈО

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја одби жалбата на СЈО во врска со одлуката на судот да не определи мерки за претпазливост против две лица опфатени во предметот познат како „Тендери“.

akademik foto 1

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), изјавена против решение на судија на претходна постапка од 28.11.2016 година во предметот на СЈО познат како „Тендери“, донесе решение со кое жалбата на Обвинителството се одбива, а се потврдува решението на судија на претходна постапка. Со решението од 28.10.2016 година судијата на претходна постапка го одби предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост против две лица“, стои во соопштението на Судот.