/ Прочитано:

1.413

Кривичниот суд не може да го прифати обвинителниот предлог против осомничените од УБК и од СЈО бара дополнителни докази

Како што информираат од Основниот суд Скопје 1 Скопје, во дописот што го добиле од СЈО, заедно со обвинителниот предлог доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка, врз основа на кој класифицираните докази може да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението.

Основен суд Скопје 1 Скопје

Кривичниот суд не може да го прифати обвинителниот предлог за Г. Г. и за другите лица осомничени за сторено кривично дело фалсификување на службена исправа, поднесен од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Како што информираат од Основниот суд Скопје 1 Скопје, во дописот што го добиле од СЈО, заедно со обвинителниот предлог доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка, врз основа на кој класифицираните докази може да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението.

„Со оглед на тоа што без ваков акт доказите не може да бидат користени од страна на судската служба за оформување на списите на предметот, судијата кој треба да постапува по обвинителниот предлог во скратена постапка со допис ги врати доказите доставени во прилог на обвинителниот предлог на СЈО“, велат од Судот.

Од Специјалното јавно обвинителство најавија реакција на последната одлука на Судот за подоцна.

Покрај обвинителниот предлог за седумте осомничени, службени лица од УБК, за кривичното дело фалсификување на службена исправа, СЈО поднесе уште еден обвинителен предлог до Кривичниот суд.

Едниот предмет се однесува на уништувањето на документи за да се прикрие незаконското прислушување, а вториот предмет се однесува на протестите пред Општина Центар од 2013 година. Во првиот предмет опфатени се 7 лица кои се осомничени за кривичното дело фалсификување на службена исправа, а во вториот предмет опфатени се 14 лица кои се осомничени за кривичното дело насилство.

Предметите, според електронскиот систем за распределба во Кривичниот суд, беа распоредени кај судијките Лидија Петровска и Татјана Михајлова.

М. С.

Лица од извршната власт и службени лица од УБК осомничени во новите два предмети на СЈО