/ Прочитано:

1.243

Судот ги примил жалбите за притворот на осомничените во предметот „Титаник“

Кривичниот суд продолжува со сослушување на осомничените за предметот на Специјалното јавно обвинителство

Како што информираат од Кривичниот суд, жалбите се примени и во текот на денов треба да бидат доставени до Кривичен совет, кој ќе постапува по нив.

????????????????????????????????????

Како што беше најавено во соопштението на Основниот суд Скопје 1, објавено во саботата, во однос на предлозите на Специјалното јавно обинителство за определување притвор за осомничените во предметот „Титаник“, денеска во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка треба да се појави лицето И.Г.

Осомничениот, според договорот со судија на претходна постапка и со обвинителот што го издал предлогот, треба да се јави денеска во Судот за да може да постапува Судот по предлогот на СЈО.

Специјалното јавно обвинителство во петокот соопшти дека е отворена истрага против членови на Општинската изборна комисија во Чаир затоа што постои основано сомнение дека сториле кривично дело „изборна измама“.

„Со оглед дека во записниците од извршеното гласање за градоначалник на Општина Чаир во 2013 година извршиле преправање на резултатите и против едно лице од Комисијата исто така е поднесен предлог за определување на мерка притвор поради опасност од влијание врз сведоците и соучесниците“, истакна обвинителката Фатиме Фетаи.

Во акцијата „Титаник“ опфатени се поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и секретарот на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски, кои се членови на Извршниот комитет на партијата ВМРО-ДПМНЕ, кои заедно со други, засега непознати лица, искористувајќи го своето реално влијание и службена положба, а заради понатамошно опстојување на власт на партијата, и на локално и на државно ниво, и особено заради нивни непосредни привилегии од практикување на власта, создале група што имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето, за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, соопштија од СЈО.

Во петокот пред судија на претходна постапка беа изведени Јанакиески и градоначалникот на Општина Пустец, Албанија, Едмонд Темелко. Јанакиески е осомничен дека ги сторил кривичните дела: „злосторничко здружување“ од чл. 394 ст. 1, „поткуп при избори и гласање“ и кривичното дело „уништување на изборен материјал“. Темелко е осомничен дека ги сторил кривичните дела: „злосторничко здружување“ од чл. 394 ст. 2, „повреда на избирачко право“ и „поткуп при избори и гласање“. Јанкулоска е осомничена дека ги сторила кривичните дела: „злосторничко здружување“ од чл. 394 ст. 1, „повреда на избирачкото право“ од чл. 159 ст. 2 в.в. со ст. 1 в.в. со чл. 45, а Божиновски – делата: „злосторничко здружување“ од чл. 394 ст. 1, „злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања“.

Судот го одби барањето за определување на мерката притвор за Темелко и му определи превентивна мерка јавување во Судот во Ресен еднаш неделно.

„По однос на другите три лица, одлуката на судија на претходна постапка е дека предлогот се одбива. Причините за оваа одлука се наведени во образложението, за која е дозволена рок за жалба во рок од 24 часа и со оглед на тоа дека не се правосилни, не може дополнително да се коментира, а кога ќе бидат правосилни ќе бидат објавени на страницата на Судот“, стоеше во соопштението од Судот.

Специјалното јавно обвинителство истакна дека ќе поднесе жалби против одлуките на Судот. Како што информираат од Кривичниот суд, жалбите се примени и во текот на денов треба да бидат доставени до Кривичен совет, кој ќе постапува по нив.

М.С.