/ Прочитано:

985

Квартален извештај на НБРМ: Продуктивноста на трудот e во пораст, а се намалуваат трошоците за работна сила

Понеделник, 11 август 2014 – Во првото тримесечје на 2014 година, бројот на вработени забележа раст на годишна основа, при што темпото на раст забави во споредба со растот од претходната година. Со тоа, осум квартала по ред овој показател е во зоната на позитивни годишни промени, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај.

„Ваквите придвижувања се во согласност со остварувањата во реалниот сектор, коишто се исто така поволни. Новиот бран структурни реформи во форма на јавно финансирани проекти во патната, железничката и енергетската и нфраструктура, како и политиките на субвенционирање во земјоделството се во основата на фискалниот стимул, којшто дава позитивен импулс на пазарот на труд. Подобрувањето на некои од клучните показател и на пазарот на трудот веќе неколку години по ред се поврзуваат и со активните мерки за вработување, како и со делувањето на новите капацитети од технолошко-индустриските развојни зони. Во првото тримесечје, годишно подобрување се забележува и кај показателите на конкурентноста, и тоа за првпат по двегодишно постојано одржување во негативната зона. Така, продуктивноста на трудот забележа нагорно поместување, при истовремено надолно приспособување на трошоците за работна сила“, се вели во извештајот.

>>>НБРМ: КВАРТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ, ЈУЛИ 2014