/ Прочитано:

1.086

Летен попуст за набавка на правна литература од книжарницата Академик

Петок, 5 јуни 2015 – Нарачајте во периодот од 1 јуни до 1 септември и добијте попуст на најдобрата правна литература од книжарницата Академик. 

Збирка на прописи од областа на трудовото право 

За сите оние на кои им е специјалност трудовото право, овој труд од авторот Стојан Трајанов, експерт за трудово законодавство, ќе им овозможи јасен увид во сите тематики поврзани со трудовото право поради практичната компонента на делото што ја олеснува употребата на законите, прописите и правилниците. Исклучително корисен е и за сите студенти и млади професионалци кои се на почетокот од својата кариера бидејќи им овозможува исцрпен, јасен и опфатен увид во материјата на трудовото право.

Прирачник за безбедност и здравје при работа 

Безбедноста и здравјето при работа е една од темите со кои се соочуваат сите работодавачи, но и работниците, без разлика на обемот на претпријатието. Обврските, но и правата се јасно и недвосмислено регулирани и потребно е да се почитуваат подеднакво од страна на сите субјекти во работниот процес. Но теоријата (регулативата) и праксата (применувањето) често не се согласуваат . Токму од таа причина е изработен овој прирачник, прв од ваков вид досега кај нас, кој ја содржи севкупната важечка законска регулатива сумирана и на едно место. Автор на Прирачникот е м-р Горан Поповски.

Закон за семејството

Законот за семејството, од авторите проф. д-р Кирил Чавдар, д-р Цветанка Сиљаноска–Костадиновска, ги содржи главните одредби со кои се регулира семејното право како гранка на правото кое се заснова на одредени принципи на кои се темели регулирањето на општествените односи. Тоа е исклучително битна и жива правна материја, со која се кодифицира и со која се регулира стожерот на секое општество – семејството.  Оттука, правилната употреба и јасното читање на овој закон е исклучително важно. Овој Коментар пред себе ја има одговорната и комплексна задача да ги појасни сите нејасности, недоречености, да укаже на недостатоците и да посочи едно правилно читање на Законот, поткрепено со примери од судската практика.

Закон за стечај

Овој труд од авторот Дејан Костовски не само што ни дава увид во актуелната и моментална ситуација со стечајното законодавство во Македонија, туку ни дава и една поинаква перспектива, насоки за размислување и потенцијални решенија преку аналитичкото и компаративно промислување на авторот. Исклучително важен труд за тематиката што е секогаш актуелна.

ТУЖБИ на граѓанското и трговското право и во работните и во управните спорови 

Преку примери и објаснувања, како и преку општи согледувања, целта на овој обемен и исцрпен труд е да ја приближи материјата на тужбите преку практични и реални примери. 435 тужби од областа на граѓанското и трговското право, како и од областа на работните и управните спорови, се прикажани, објаснети и коментирани преку насоки и препораки. Автори на трудот се проф. д-р Кирил Чавдар и проф. д-р Кимо Чавдар.

Закон за управните спорови

Ова дело од авторите проф. д-р Кирил Чавдар и проф. д-р Кимо Чавдар дефинитивно ја надополнува празнината што ја оставија измените на Законот за управни спорови со неговите последни измени од  2010 година. Пречистен текст на ЗУС не е донесен, така што интегралниот текст на Законот во овој Коментар е дело на самите автори, со укажувања како гласела односната одредба пред измените и дополнувањата на ЗУС од 2010 година.

Граѓанско право – статии и практика

Овој труд се заснова врз долгогодишното искуство на авторот Ранко Максимовски како судија во Врховниот суд. Темелејќи се на големото професионално искуство, претставува исклучителен пример на теоријата преведена во пракса. Со своите написи, трудови и статии го објаснува, го толкува и стручно и теориски го прави подостапно граѓанското законодавство. Од друга страна, пак, со автентичната судска практика, чиј активен партиципант е тој самиот, ја презентира примената на граѓанското право од страна на судиите и судовите во одредени периоди од развојот на македонската држава.

Направете ја својата нарачка во книжарницата Академик, лоцирана на ул. „Mаксим Горки“ бр. 11 / локал: 3, 1000 Скопје или на телефонските броеви: 02/3221-821, 02/3237-465, како и  на е-пошта: zikovak@akademik.com.mk.