/ Прочитано:

1.477

Либералите бараат почитување на уставната положба на адвокатите и враќање на изворните надлежности на нотарите

Нотарската служба треба да остане во служба на граѓаните во своите изворни надлежности на заверка и потврда на веродостојноста на документите и состав само на оние документи кои се во нивна исклучива надлежност. За сѐ останато тука се адвокатите, судовите и другите државни институции, сметаат од Либералната партија на Македонија.

„Надлежностите дадени на нотарите треба да бидат повлечени назад и повторно поставени на своето вистинско место – во палатите на правдата. Таму, во судовите, со нормална пропишана процедура и правила на одлучување ќе се гарантираат правата на граѓаните и стопанствениците од секакви злоупотреби. Нотарската служба ќе остане во служба на граѓаните во своите изворни надлежности на заверка и потврда на веродостојноста на документите и состав само на оние документи кои се во нивна исклучива надлежност. За сѐ останато тука се адвокатите, судовите и другите државни институции“, истакнуваат од Комисијата за правда при Либералната партија, додавајќи дека првенствено како служба која ќе заверува документи, нотарите се претвориле во на служба која изготвува документи и со судски надлежности.

Според Владимир Кацарски од Либералната партија и претседател на Kомисијата за правда, нотарите добилe можност во своите канцеларии да ги водат постапките за наследување за кои не постои спор помеѓу наследниците и тие, како што вели, се претвориле во судии.

„Ваквите постапки до скоро беа во исклучива судска надлежност но повторно нотарите си добија уште една пренесена надлежност. Сега веќе се претворија и во судии, само што нив не ги назначува Судскиот совет туку Министерството за правда“, истакнува Кацарски.

Владимир Кацарски псочува дека при водењето на овие постапки за наследување чести бил случаите на, како што нагласува, „ директно бркање на адвокатот од нотарската канцеларија“.

„Велат „од сега нотарот ги превзема работите во свои раце“ и нема никаква потреба од адвокат. Да потсетиме, согласно позитивните прописи во РМ, секое лице има право самото да одлучи дали некаде му треба или не стручна правна помош, независно што некој тоа не го посакува. Ова се со цел да се спречат непотребни злоупотреби кои се јавуваат во текот на постапките. Малку по малку, нотарите се претворија во судии и си ги присвоија поголем дел од вонпарничните судски надлежности. Претварањето во „квази­судии“ доведе и до голем број проблеми“, исткнува Владимир Кацарски.

M.В / veljanoskim@akademik.mk