/ Прочитано:

1.108

Лидерите на еврозоната постигнаа едногласен договор за Грција

Понеделник, 13 јули 2015- По маратонски преговори, лидерите на еврозоната едногласно се договорија за нова програма за финансиска помош на Грција.

„Самитот на еврозоната постигна едногласен договор за Грција“, изјави претседателот на Eвропскиот совет, Доналд Туск.

„Постигнат е едногласен договор, кој ќе се спроведе со сериозни реформи и финансиска поддршка“, додаде Туск, посочувајќи дека за таа цел ќе биде формиран и посебен фонд.

Според најавите, 25 милијарди ќе бидат наменети за рекапитализација на грчките банки.

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, изјави дека Грција треба уште многу да работи за да ги спроведе реформите, но дека останува во еврозоната.

Следниве денови парламентот во Атина треба да усвои пакет пензиски реформи и зголемување на данок на продажба.