/ Прочитано:

975

ЛУСТРАЦИСКА: Поранешен ректор бил соработник на тајните служби

Понеделник, 29 септември 2014 – Комисијата за верификација на фактите на денешната седница лустрираше починат ректор на еден од универзитетите во Македонија за кого е утврдено дека бил соработник на поранешните тајни служби.

„Лицето е починато и неговото име нема да биде објавено. Станува збор за ректор на еден од универзитетите во Македонија кој во осумдесеттите години на службите им оддавал информации за еден докторант на Универзитетот чиј ректор бил“, информираше членот на Комисијата Предраг Димитровски по завршувањето на седницата.

За останатите четири предмети, Димитровски појасни дека биле усвоени само извештаите, а решенијата ќе бидат донесени на некоја од наредните седници за да се утврди состојбата во матичната служба, по што ќе се дознае дали лицата се живи или починати.

„Еден од четирите предмети за кој се усвоени извештаите бил генерален конзул во Торонто, Канада, за кого е утврдено дека бил информатор за тајните служби и пренесувал информации за состојбата на организацијата Обединети Македонци и црковната општина во Торонто „Свети Климент Охридски“. Вториот бил директор на авиокомпанија од Македонија кој настојувал да отвори свое преставништво во Торонто. Третиот бил функционер во СИЗ за култура во Куманово, а подоцна и директор на Центарот за култура, додека четвртиот бил професор на Вишата земјоделска школа во Струмица“, информира Димитровски.