/ Прочитано:

805

Македонец – поротник му го спасил животот на сведок при судење во Охајо

Вторник, 13 мај 2014 – Јован Лашковски, лекар во американскиот град Ејкрон, по потекло од Македонија, го спасил животот на сведок за време на судење минатата недела.

Како што пренесуваат медиумите од Охајо, Лашковски, ортопед од клиниката Кристал во Ејкрон, бил во поротата за време на судски процес во Окружниот суд во Ејкрон, кога сведок кој бил повикан претрпел напад. За време на сослушувањето, сведокот почнал да се тетерави и да губи свест. Лашковски му дотрчал на помош на сведокот, и му помагал додека не дошла итната помош. Џој Малек Олдфилд, судијата кој го водел процесот, ја поздравил несебичноста на доктор Лашковски. „Денес видовме колку е важно граѓаните да ја исполнуваат својата обврска да служат во порота. Доктор Лашковски го жртвуваше своето скапоцено време да ја исполни оваа должност и денес особено ни е драго што го стори тоа“, изјавил судијата Олдфилд.