/ Прочитано:

1.386

Македонија има четири меѓународни судски спорови – се води правна битка и за македонската амбасада во Будимпешта

Петок, 19 септември 2014 – Македонија води судски спор за зградата на македонската амбасада во Будимпешта, се наведува во Извештајот на Државното правобранителство.

Според податоците во делот „Спорови со меѓународен елемент“, посочениот спор се води пред Вишиот суд во Будимпешта во Република Унгарија. Покрај овој спор, во Извештајот се наведува дека Република Македонија има уште четири меѓународни судски спорови во кои е вмешана како држава.

Во 2013 година Јозо Капетановиќ и други од Тиват ја тужеле Република Македонија и Министерство за труд и социјална политика пред Основниот суд Котор во Република Црна Гора.

 Аленка Песек ја тужи Република Македонија и Амбасада на Република Македонија пред Основниот суд во Љубљана, Република Словенија.

Судскиот спор против Република Македонија и модната конфекција Астибо Штип се води пред Основниот суд во Белград.

Aдвокатскатa фирма „LATHAM & WATKINS“, како што се наведува во извештајот, ја застапува Македонија во арбитражен спор пред Меѓународниот Центар за решавање на инвестициски спорови (International centre for settlement of investment disputes-ICSID) во Вашингтон САД.

(М.В)