/ Прочитано:

758

Македонските уставни судии на ручек со Ердоган

Среда, 6 мај 2015 – На покана на претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Зухту Арслан, делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Судот, Елена Гошева, од 27 до 30 април 2015 година, престојуваше на одбележувањето на 53-та годишнина од постоењето на Уставниот суд на Турција, информираат од Уставниот суд.

Од Уставниот суд велат дека по повод годишнината од постоењето на Уставниот суд на Турција бил одржан и Меѓународен симпозиум на тема „Оценување на одлуките по уставната жалба – предизвици и правни лекови“.

„За време на посетата учесниците беа примени и од претседателот на Република Турција, господинот Реџеп Таип Ердоган, кој во претседателска палата приреди свечен ручек за гостите и за судиите на Уставниот суд на Турција“, соопштуваат од Уставниот суд на Република Македонија.