/ Прочитано:

1.997

Македонско здружение на млади правници поднесе писмени забелешки како интервенција на трета страна до ЕСЧП во случајот „А.А. и други против РМ“

Овој случај, велат младите правници, беше инициран од страна на 8 апликанти од Сирија, Ирак и од Авганистан кои беа присилно вратени назад во Грција од страна на македонските власти на 14 март 2016 година, кои тврдат дека нивното враќање е колективно присилно враќање без испитување на индивидуални околности и без пристап до ефикасен правен лек, спротивно на член 4 од Протоколот 4 и член 13 од Конвенцијата.

„Апликантите биле дел од таканаречениот ‘Марш на надежта’, кој се случил на 14 март 2016 година, кога најмалку 1.500 бегалци и мигранти излегле од бегалскиот камп во Идомени, Грција, и ја преминале границата со Македонија во близина на селото Моин. Подоцна, истата вечер, речиси сите бегалци и мигранти кои влегле во државата како дел од оваа група биле вратени во Грција од страна на македонските власти“, образложуваат од МЗМП.

Апликантите се застапувани од  Карстен Герике, со поддршка од Европскиот центар за уставни и човекови права и ProAsyl. Резиме од апликацијата и понатамошни информации во однос на случајот, посочуваат младите правници, можат да бидат најдени во Извештајот за случаи на ЕКЧП.

„Имајќи ги предвид систематските практики на присилно враќање на бегалците спроведени од страна на македонските власти, е надвор од која било процедура пропишана со закон и претставува непочитување на основните права и слободи на бегалците загарантирани во националното и меѓународното право идентификувани од МЗМП во 2016 и во 2017 година. Целите на писмените забелешки се трикратни. Прво, интервенцијата овозможува преглед на гаранциите пропишани од македонското право за процедурите за депортирање и враќање. Второ, тие претставуваат фактички приказ на настаните што се случија на 14 март 2016 година во близина на селото Моин, во кои беа вклучени македонските власти каде што адвокатите на МЗМП присутни на локацијата беа сведоци. Трето, ги истакнува наодите на МЗМП во однос на систематските практики на присилно вратените бегалци/мигранти спроведени од страна на македонските власти од 2015 година. Целиот текст за интервенцијата на трета страна можете да го прочитате тука: MYLA Third Party Internvention AA and Others v MKD (29.06.2017) “, истакнуваат од Македонското здружение на млади правници.

M.В