/ Прочитано:

623

Формирана работна група

Македонското здружение на млади правници, адвокатите и судиите дел од работната група за новиот Закон за бесплатна правна помош

Во првата половина на октомври 2016 година, Министерство за правда формираше работна група која ќе работи на текстот на новиот Закон за бесплатна правна помош.

slika

Во првата половина на октомври 2016 година, Министерство за правда формираше работна група која ќе работи на текстот на новиот Закон за бесплатна правна помош.

„Предлог-одредбите се изработени од страна на Агрис Баталаускис,  експерт од Латвија, во рамките на твининг-проектот за зајакнување на владеење на правото, со посебен фокус на бесплатната правна помош и пристапот до правда. Предлозите, меѓу другото, се резултат на низата состаноци кои ги одржа експертот со Македонското здружение на млади правници, како здружение со долгогодишно искуство и со овластување за обезбедување на бесплатна правна помош“, велат од Македонското здружение на млади правници.

Како членови на работната група, освен претставници од главните сектори на Министерството, се и судии од Основниот суд Скопје 2 Скопје, претставници на Министерството за труд и социјална политика и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје, од Министерството за внатрешни работи, од Адвокатска комора на РМ и од Македонско здружение на млади правници.

На состанокот, велат младите правници, повторно се истакнаа: потребата од донесување на комплетно нов закон поради бројноста на даватели на правна помош во Македонија, потоа потребата од воспоставување на јасни постапки и јасни прецизни рокови, потребата од воспоставување на функционален систем во кој секоја од засегнатите страни точно ќе ја знае својата улога, како и потребата од обезбедување на правна помош секому кому му е навистина потребна, а не само за оние што немаат можност да си ја дозволат.

М.В