/ Прочитано:

1.826

Манчевски: Рокот за консултации на ЕНЕР продолжен на 20 дена

„Со оваа одлука на Владата се придонесува и за поголема транспарентност, отвореност, навременост и одговорност при подготовката на предлог-законите. Зголемувањето на рокот за консултации има за цел да поттикне поголема вклученост на граѓаните и на пошироката јавност во подготовката на прописите за кои тие самите се заинтересирани. На тој начин, креаторите на политиките ќе носат одлуки засновани врз аргументи и во консултација со граѓаните“, потенцираше министерот Манчевски.

Владата на својата последна седница одлучила да се продолжи рокот за консултации на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија – ЕНЕР од 10 на 20 дена, а како што информира министерот за информатичко општество и администрации, Дамјан Мачевски, ваквата одлука придонесува најголем дел од предлог-законите, пред да одат во владина постапка, задолжително да се објавуваат на  регистарот.

Со цел да се подобри квалитетот на новите предлог-закони, Манчевски нагласи дека во период од 20 дена јавните корисници ќе имаат шанса да испраќаат свои коментари, со што практично би се вклучиле во нивното креирање.

„Со оваа одлука на Владата се придонесува и за поголема транспарентност, отвореност, навременост и одговорност при подготовката на предлог-законите. Зголемувањето на рокот за консултации има за цел да поттикне поголема вклученост на граѓаните и на пошироката јавност во подготовката на прописите за кои тие самите се заинтересирани. На тој начин, креаторите на политиките ќе носат одлуки засновани врз аргументи и во консултација со граѓаните“, потенцираше министерот Манчевски.

Со целосна примена на ЕНЕР, како што посочи тој, ќе се овозможи системски и отворен дијалог и со бизнис-заедницата.

„Консултациите придонесуваат за градење меѓусебна доверба, развивање на квалитетот на демократијата, но и подобрување на процесот на креирање на јавните политики“, изјави Манчевски додавајќи дека сите закони што ќе одат во редовна постапка, задолжително ќе одат на ЕНЕР.

„Ќе се залагаме воопшто да нема или само во екстремни случаи да одат предлог-закони во скратена постапка, кога ќе нема друг избор. Досегашната практика беше поинаква. Собранието и претходната Влада најчесто ги носеа законите по скратена постапка. Само во периодот од 2011 до 2016 година над 50 проценти од законите се носени во скратена постапка. Екстремен случај е 2015 година, кога над 70 проценти од сите закони се носени во скратена постапка. Ваквата практика на Собранието и на Владата не им давала шанса на граѓаните да коментираат, да даваат свои сугестии и препораки на објавените предлог-законски решенија преку ЕНЕР. Граѓаните не беа вклучени во подготовката на најголем дел од предлог-законите. Тоа време заврши. Консултациите, одговорноста, отвореноста и отчетноста пред граѓаните се врвен политички приоритет на оваа Влада“, истакна Манчевски.

А. Б.