/ Прочитано:

1.566

Меѓународен спор за трошоци помеѓу „Филип Морис“ и Австралија

Спорот трае од 2011 година кога Австралија заедно со други држави низ светот го промени дизајнот на кутиите за цигари со слики и графички предупредувања за здравјето на купувачите. По шестгодишна правна битка против правилата за дизајнот на кутиите, американскиот тутунски гигант „Филип Морис” го загуби спорот.

Постојаниот арбитражен суд во Хаг, основан во 1899 година и кој има за цел посредување на арбитражата во решавање на споровите меѓу државите, во петокот објави одлука дека американскиот тутунски гигант „Филип Морис“ треба да ѝ исплати судски трошоци на австралиската влада поради неоснованост на тужбата која производителот на цигари ја поднел против Австралија, во врска со нивните закони за дизајнот на пакувањето на цигарите.

Сумата што треба да биде исплатена не се соопштува, но во одлуката на страница 4 се вели дека страните се договориле судските трошоци да се исплатат според чл.42 ст.1 од Правилата за арбитража за меѓународното трговско право на Обединетите нации.

Спорот трае од 2011 година кога Австралија заедно со други држави низ светот го промени дизајнот на кутиите за цигари со слики и графички предупредувања за здравјето на купувачите. По шестгодишна правна битка против правилата за дизајнот на кутиите, „Филип Морис” го загуби спорот.

Од компанијата тврдат дека во спорот Австралија нема големи трошоци бидејќи нивниот правен тим главно бил составен од јавни службеници вработени во администрацијата, додека Австралија тврди дека нивните трошоци се мали во споредба со штетата што ја предизвикала компанијата со продажбата на цигари. Во слични случаи, против производителите на тутун и тутунски производи биле исплаќани 3-4 милиони долари.

Моменталната цена на една кутија „марлборо” во Австралија е 27 австралиски долари. Цените на цигарите континуирано растат, за просечната цена до 2020 година да достигне до 40 АУД.

Според македонскиот Закон за акцизи, во чл. 42-в во делот „Комбинирана акциза” се вели дека акцизата на пури и цигарилоси во смисла на член 41, став 2 на овој закон, изнесува 21,37 ден. по парче и 0% од малопродажната цена, а од 1 јули 2016 година, заклучно со 1 јули 2023 година, стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите од ставот (2) на овој член се зголемуваат за 0,20 денари по парче на 1 јули секоја година.

С. М.