/ Прочитано:

1.262

Меморандум за соработка помеѓу Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Државната комисија за спречување на корупцијата

Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот за соработка има за цел размена на искуства, знаења, едукација, литература и усовршување на кадри од областите во кои имаат интереси двете институции. Дополнително, посочуваат од Правниот факултет, со меморандумот се уредуваат меѓусебните односи во делот на студентската пракса.

Кон крајот на минатиот месец на Правниот факултет  се отвори и Правна клиника за антикорупциско право. Станува збор за прва таква правна клиника како на Правниот факултет „Јустинијан Први“ така и во Република Македонија воопшто. Правната клиника ќе работи во тесна комуникација и со Државната комисија за спречување на корупцијата.

Студентите инволвирани во Клиниката, заедно со своите ментори, редовно ќе ги следат сите предлог-закони влезени во собраниска процедура со цел да детектираат евентуални основи за преземање коруптивни дејствија, односно дискрециски овластувања. Доколку е тоа случај, Правната клиника ќе му укаже на Собранието на Република Македонија дека соодветниот (предлог) законски текст треба да претрпи измени. Исто така, студентите ќе работат на студии на случај и ќе учествуваат во симулирани судења.

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ се отвори Правна клиника за антикорупциско право

М.В