/ Прочитано:

1.199

Месечен извештај за состојбата со човековите права во Република Македонија

Хелсиншкиот комитет за човековите права го објави месечниот извештај за состојбата со човековите права во Република Македонија. Месечниот извештај за состојбата со човековите права во Република Македонија за јули 2017 година опфаќа теми од областите: дискриминација, говор на омраза, бегалска криза и текстилни работнички.

Во месечниот извештај, Комитетот најостро го осудува дискриминирачкиот однос на Олимпискиот базен Центар спрема лицата со инвалидски колички. Хелсиншкиот комитет за човековите права обезбедува правна помош и поддршка за овој случај и ќе ги преземе сите мерки во насока на заштита на дискриминираните лица и продолжување на борбата за овозможување на целосна пристапност за лицата со попреченост во сите објекти.

Исто така, Хелсиншкиот комитет најстрого го осудува ширењето говор на омраза врз сексуална ориентација и ги повикува јавните личности да се оградат од таквиот говор.

Во врска со полициската акција во прифатниот камп „Табановце“, Хелсиншкиот комитет бара од Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи да спроведе соодветна истрага за опишаниот настан, да се утврди одговорност на полициските службеници кои ја злоупотребиле својата положба и да бидат соодветно казнети.

Хелсиншкиот комитет ја поздравува иницијативата на Владата да се работи на подобрување и унапредување на работничките права на текстилните работнички и работници.

Месечниот извештај може да го преземете на следниов линк

М.В