/ Прочитано:

1.377

Месечни информатори за дискриминација и  криминал од омраза

Хелсиншкиот комитет за човековите права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот „Заштита од дискриминација“.

Една од активностите во рамките на овој проект е издавање месечни информатори кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, поведени постапки за заштита од дискриминација, судска практика од домашните судови и Европскиот суд за човековите права, практика на Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, како и преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции во полето на заштита од дискриминација. Информаторот можете да го преземете на следниов линк.

Кривичните дела мотивирани од нетолеранција, односно предрасуди кон одредена група во општеството се опишуваат како криминал од омраза. За неговото постоење мора да бидат исполнети два услова: делото мора да е предвидено во кривичното право и сторувањето мора да е мотивирано од некоја предрасуда. Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржува Хелсиншкиот комитет при регистрацијата и мапирањето на делата од омраза. Месечникот за криминалот од омраза за месец септември 2017 година можете да го преземете на следниов линк.

М.В