/ Прочитано:

3.465

Михаил Гаревски, директор на ИЗИИС: Законските измени за градежништвото обезбедија посигурни градби

Среда, 19 август 2015 – ­ По скопскиот земјотрес од 1963 година, граѓаните на Скопје и Македонија изградија култура на сеизмичка градба, истакна денеска на прес-­конференција директорот на ИЗИИС, Михаил Гаревски, по повод 50 години од основање на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Според Гаревски, речиси сите нови објекти по 1965 година, кога се воведени стандардите за градба, досега се сеизмички изградени. Најнеповолни објекти, нагласи, се објектите што се надградуваат, а посебно оние што се изградени пред земјотресот во Скопје.

Гаревски посочи дека со законските измени за градежништвото, воведени пред две години, сигурноста на градбите е на максимално ниво. ­

„Законоски се предвидува дека нема градежна дозвола ако не е дадено мислење дали проектот ги задоволува стандардите за проектирање, но не само тоа, проектот некогаш може да ги задоволи тие стандарди, а на терен да биде друга ситуација. И ако се добие градежната дозвола, не може да се добие технички прием ако нема двапати мислење во текот на градбата од страна на специјализирана институција која се занимава со земјотресно и сеизмичко инженерство, истакна Гаревски“.