/ Прочитано:

818

Мијалков не се појави на судското рочиште за тужбата против „Фокус“

Четврток, 19 декември 2013 – Денес се одржа последното рочиште пред пресудата за тужбата на  директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија (УБК), Сашо Мијалков поднесена против „Фокус“, пишува „Нова“. 

На распитот искази даваа главната уредничка на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов кои се тужени од страна на директорот на УБК Сашо Мијалков поради пренесена изјава од поранешниот амбасадор во Чешка, Игор Илиевски, во кој што текст амбасадорот тврдеше дека имал притисоци од првиот човек на УБК.

Мијалков не се појави на распитот, а на прашањето на судијата зошто не е тука, неговите застапник одговори кусо дека директорот е „спречен поради маглата“. 

Распитот двапати е одложуван поради отсуството на тужителот. Одбраната инсистираше тој да се појави на распитот и да објасни колку е повреден и навреден и во која мера му е нарушена честа. Првиот пат распитот се одложи бидејжи адвокатот на тужителот тврдеше дека тој не бил уредно повикан, а вториот распит се одложи поради неговите службени обврски. 

Побарувањата на тужителот по две илјади евра од новинарот Владо Апостолов и поранешниот амбасадор кој е исто така тужен и 10.000 евра од уредникот Јадранка Костова. 

Ова судење го следат и меѓународните и домашни организации чии претставници редовно присуствуваат на судските рочишта.