/ Прочитано:

1.403

Министерката за култура на распит во СЈО

Од СЈО не соопштуваат во кое својство се повикани лицата и за кои предмети.

Елизабета Канческа Милевска

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска дојде на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Од СЈО не соопштуваат во кое својство се повикани лицата и за кои предмети.

Покрај Канческа-Милевска, денеска во СЈО на распит бил и бизнисменот Орце Камчев.

Специјалното јавно обвинителство најави интензивирање на работата во втората половина на август. Оттаму наведоа дека лицата кои се повикани ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околностите по повод сите постапки кои се отворени во овој период.

„Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушувани разговори. Поради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат“, информираше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во писмена изјава.

На 15 септември, Специјалното јавно обвинителство треба да го објави извештајот за едногодишната работа. Ова ќе биде втор извештај на СЈО кое, според Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, треба да изготвува извештај за работењето на секои шест месеци и да го достави до Советот на јави обвинители и до Собранието.