/ Прочитано:

1.196

Министерска ароганција – Владимир Гајиќ, адвокат

Понеделник, 29 септември 2014 – По одлуката на Владата на Србија, со која „се става вон сила Упатството на АК Србија“, Владата на Србија влезе во почеток на отворена  диктатура, пишува во своето отворено писмо адвокатот Владмир Гајиќ во врска со протестот на српските адвокати, а адресирано до властите и креаторите на правосудните реформи во земјата.

Како во времето и Извештајот на УДБА за состојбата на адвокатурата

Јавните закани на министерот Селаковиќ за кривично гонење на оние адвокати кои продолжуваат да „ја опструираат правдата“, како и поддршката од премиерот која јавно ја искажа кон својот министер за правда, не носат назад во времето Ранковиќиевата УДБА и оној фамозен Извештај на Брозовата тајна полиција за состојбота во адвокатурата во 1952 година.

Во овој извештај на УДБА, кој е насловен како “Состав, политички состав и состојба во редовите на адвокатурата во Народна Република Србија”, покрај другото, УДБА оценува дека во морален поглед адвокатите се претежно луѓе со низок карактер, дерикожи, пијаници и, генерално, неморални типови. Анализата на состојбата во адвокатурата завршува со заклучокот дека „адвокатите воопшто претставуваат сериозен проблем“. Се поставува прашањето за подигнување на помладиот, кон социјализмот и Партијата лојален адвокатски кадар…”. Така заклучува УДБА во февруари 1952 година.

Ароганција и незнаење: Министерот меша баби и жаби, премиерот се „мава“ во гради

Дали она што се случува денес, повеќе од 50 години подоцна, веќе сме го виделе? Дали овој наш „младенец- министер“, како што  на протестите го нарече адвокатот Дуја Недиќ, потсетува на времето, кое датира од  дамнешната 1952 година? Дали ова момче од 30 и кусур години, наводниот добар познавач на националната историја,  навистина мисли дека тој може да си дозволи да се однесува вака како што се однесува со било кого во земјата?

Ароганција и незнаење поткрепено со големо невопспитување. Сведоци сме овие денови дека министерот нема никој во министерството кој ќе му укаже на правните глупости кои ги прави деновиве. Министерот за правда не го познава правниот поредок на својата земја. Не знае што е адвокатура, не знае што се уставни принципи, меша баби и жаби.

Ништо не е подобар ни премиерот кој обожава да се удира во гради како бил одличен студент посветен на правната наука. Да знаеше навистина нешто, тој ќе имаше покрај себе искусен правник кој би го спречил својот министер да не испадне смешен пред професијата. Вака, Владата на Србија  усвои сет од неуставни закони, сите донесени по брза постапка. А, да се проговори јавно зошто министерот толку запнал за новите овластувања на нотарите?

Полагањето на нотaрскиот испит и именувањето на нотари – легло на корупција

Дали Владaта смета дека адвокатите не знаат колку големи размери на корупција зафати постапката при полагањето на нотарскиот испит и именувањето на самите нотари? Дали Владата смета дека адвокатите не знаат кој од повеќето избрани е именуван за нотар? Дали Владата навистина верува дека поранешните јавните обвинители се способни да се справат со деликатна дејност со која тие немале професионален допир, откако ги полагале на факултет оние седум или осум стручни испити кои вклучуваат правна материја со која се занимаваат нотарите? Дали Владата навистина мисли дека адвокатите не разбираат што значи, одлуката, на пример, за територијата на општината Савски венац да се именува 1 (еден) нотар?

Седнете, размислете и кажете „Шалили смо се“

Затоа, Владата на Србија треба да седне и да размисли. Најдобро ќе биде да каже „Шалили смо се“ со овие закани. Министерот е некомпетентен. Тоа кога ќе се ослободи од јазичните еуфемизми го вели и Нацрт-извештајот на Европската унија кога станува збор за правосудните реформи.

Премиерот кој постојано вели „јас“, тоа ќе биде подобро да го прочита текстот напишан од режисерот Горан Марковиќ во вчерашниот на „Политика“.

Има време, сепак е премиер, да разгледа дали е од некоја корист за него лично, а особено „за државата и народот“, како што секогаш милува да потенцира, овој судир со српските адвокати. Ние не сме членови на неговата партија кои тој и министерот може да ги „стројат“.

Нека се распраша малку кај професорите на Правниот факултет, како стојат работите со неуставните закони и како стојат работите со последните одлуки на неговиот министер за правда.

Но, нека се распраша кај оние кои се компетентни, а не кај стручњак за национална историја!

(М.В)