/ Прочитано:

2.472

Министерство за правда: Известување за испит за медијатори во априлска сесија за 2017 година

Министерството за правда соопшти дека кандидатите што се пријавуваат за испитот за медијатор во априлската сесија, а кои немаат завршено обука за медијатор, треба да ги достават следниве документи:

Барање во кое читливо ќе бидат наведени личните податоци, точната адреса, број на телефон (мобилен, домашен или од работното место), единствен матичен број, со уплатница (образец ПП/50) за уплатени парични средства за административна такса во износ од 50,00 денари, назив на примачот – Буџет на Република Македонија, банка на примачот – Народна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Народна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, уплатна сметка 840***03161 (трите ѕвездички се однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител), приходна шифра 72 23 13, програма 00;

Доказ за завршено високо образование VII/I или стекнати 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) во Република Македонија или решение за признавање на соодветна високообразовна квалификација стекната во странство издадено од Министерството за образование и наука;

Доказ за завршена обука според акредитирана програма за обука на медијатори од најмалку 70 часа во Република Македонија, односно странство, или решение за признавање на соодветна обука завршена во странство донесено од Одборот;

Доказ за работно искуство од најмалку три години по дипломирањето;

Доказ за проследени најмалку четири постапки за медијација спроведени од медијатор, за што е издадена потврда од медијатор поткрепена заедно со извод од Регистарот за евиденција на постапките за медијација за соодветните постапки;

Доказ за спроведен психолошки тест и тест на интегритет издаден од лиценцирано стручно лице;

Најмалку пет препораки од лица кои професионално го познаваат апликантот и

Уверение за државјанство на Република Македонија.

Кандидатите, пак, како што информира Министерството за правда, кои се пријавуваат за испитот за медијатор кој е запишан во Именикот на медијатори, како и лицата кои имаат завршено обука за медијатори, во согласност со Законот за медијација („Службен весник на РМ“ бр.60/06,22/07 и 114/09), треба да ги достави следниве документи:

Барање во кое читливо ќе бидат наведени личните податоци, точната адреса, број на телефон (мобилен, домашен или од работното место), единствен матичен број, со уплатница (образец ПП/50) за уплатени парични средства за административна такса во износ од 50,00 денари, назив на примачот – Буџет на Република Македонија, банка на примачот – Народна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Народна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, уплатна сметка 840***03161 (трите ѕвездички се однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител), приходна шифра 72 23 13, програма 00;

Доказ за спроведен психолошки тест и тест на интегритет издаден од лиценцирано стручно лице;

Најмалку пет препораки од лица кои професионално го познаваат апликантот и уверение за државјанство на Република Македонија.

Секој кандидат треба да достави и:

 платница на образец ПП/50 со следниве податоци:

   цел на дознака – полагање на испит за медијатор;

   назив на примачот – Министерство за правда;

   банка на примачот – НБРМ;

   сметка – 100000000063095;

   износ – 9.000,00 денари;

   сметка на буџетски корисник – 070010014063112;

   приходна шифра и програма – 723013-10.

Потребните документи (во оригинал или во фотокопии заверени кај нотар) се поднесуваат од 14 март најдоцна до 28 март 2017 година во архивата на Министерството за правда, ул.„Димитрие Чуповски” бр.9 Скопје со назнака Министерство за правда – Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата.

Некомплетираните документи нема да се разгледуваат.

Кандидатот кој ги исполнува условите за полагање на испитот за медијатор ќе биде известен за времето и местото за спроведување на испитот најмалку осум дена пред одржување на испитот преку веб-страницата на Министерството за правда и Јавниот радиодифузен сервис.

А. Б.