/ Прочитано:

1.370

Министерството за администрација ги изброја вработените во јавниот сектор

Од Министерството велат дека ваквиот сервис претставува заложба за транспарентно и отчетно работење. Од друга страна, пак, бројот на администрацијата со години беше тема на дебата не само меѓу домашната експертска јавност, туку беше дел и од извештаите на Европската комисија за напредокот на земјава.

advokati digtalizacija komjuterizacija

Преку сервис воспоставен од Министерството за информатичко општество и администрација, секој административец ќе може да провери дали се наоѓа во базата за јавен сектор преку внесување на единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ).

Минатата недела МИОА информираше дека вкупниот број на лица вработени во институциите на јавниот сектор, заклучно со 12 февруари 2016 година, изнесува 127.139 вработени.

Преку сервисот достапен на следниов линк, пак, ќе може да се врши проверка на записи во базата на вработени во јавниот сектор, која ја води Министерството за информатичко општество и администрација.

„Секој вработен во која било институција на јавниот сектор, освен вработените во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Агенцијата за разузнавање, за кои, во согласност со законот, Министерството за информатичко општество и администрација не води евиденција, туку само вкупен број на вработени, може да пристапи на веб-локацијата, да го внесе на својот матичен број и безбедносниот код и да провери дали за него се води евиденција во базата на вработени во јавниот сектор“, велат од МИОА.