/ Прочитано:

1.655

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари. Измените и дополнувањата на Законот имаат за цел утврдување на обврска за давателите на услуга брз трансфер на пари да доставуваат месечни извештаи за поединечните трансакции на трансфер на пари покрај до Народната банка на Република Македонија и до Управата за јавни приходи. На тој начин, Управата за јавни приходи ќе располага со податоци за добиени приходи на граѓаните преку услугата брз трансфер на пари.

„Управата за јавни приходи го спроведува проектот ‘Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход за граѓаните’. Имплементацијата на овој проект предвидува Управата за јавни приходи да изготвува пополнета даночна пријава за секој даночен обврзник, врз основа на податоците со кои располага за остварените приходи на даночните обврзници. Во согласност со постојното законско решение, Управата за јавни приходи не располага со податоци за добиени приходи на граѓаните преку услугата брз трансфер на пари бидејќи давателите на услуга брз трансфер на пари и субагентите немаат обврска да доставуваат податоци за трансакциите на брз трансфер на пари до Управата за јавни приходи“, образложуваат од Министерството за финансии.

M.В