/ Прочитано:

1.630

Министерството за правда ќе изготви извештај за ревизијата на АКМИС- системот во Кривичниот суд

Записникот на работната група на Министерството за правда која вршеше ревизија на АКМИС-системот за распределување на предмети во скопскиот Кривичен суд е изготвен, информираат од Министерството за правда, од каде што додаваат дека оваа недела министерот за правда Билен Саљији ќе ја свика работната група на брифинг, а потоа Министерството ќе изготви извештај што ќе биде презентиран пред јавноста.

Комисијата составена од Министерството за правда минатата недела продолжи со ревизија на автоматизираниот информациски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во скопскиот Кривичен суд.

Судијата и универзитетски професор, Лазар Нанев, е назначен за претседател на комисијата при Министерството за правда, која врши ревизија на автоматизираниот информациски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во скопскиот Кривичен суд. Увидот во АКМИС-системот во скопскиот Кривичен суд почна минатиот четврток. Предвидено е комисијата да прави ревизија на електронските системи во сите судови.

M.В