/ Прочитано:

5.497

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА: Термини за полагање испит за судски преведувачи

Кандидатите кои пријавиле два јазика имаат на располагање два пати по 3 часа, со 15 минути пауза помеѓу испитите, се наведува во известувањето на Министерството за правда.

Илустрација пишување

Министерството за правда објави известување за термините за полагање испит за судски преведувачи. Се информираат сите кандидати пријавени за проверка на знаењето за постојани судски преведувачи (според огласот објавен на 15.9.2016) дека:

  • писмениот дел на проверката на знаењето на јазиците: албански, италијански, турски, хрватски, француски, грчки, словенечки, арапски,германски, српски и бугарски јазик ќе се одржи на 15.10.2016 година, со почеток во 9:00 часот во просториите на Апелациониот суд Скопје,
  • писмениот дел на проверката на знаењето за англиски јазик ќе се одржи на 15.10.2016, со почеток во 12:30 часот.

Писмениот испит трае 3 часа од моментот на започнување на испитот.

Кандидатите кои пријавиле два јазика имаат на располагање два пати по 3 часа, со 15 минути пауза помеѓу испитите, се наведува во известувањето на Министерството за правда.