/ Прочитано:

1.858

Министерството за транспорт објави каталог за продажба на деловен простор во државна сопственост

Вторник, 17 февруари 2015 – Министерството за транспорт и врски објави каталог со податоци за 100 државни деловни простории во 19 градови низ државава, што се огласени на продажба преку јавно електронско наддавање.

Во каталогот има информации за локацијата, за квадратурата и за почетната цена на објектите, како и фотографии. Стоте објекти, за кои беше објавен оглас за продажба на 12-ти овој месец, се први од вкупно 1.000 државни деловни простории коишто Владата одлучи да ги продаде на барање на приватниот сектор.

Почетната вредност на стоте деловни објекти се проценува на 5 милиони евра.

Огласот трае 30 дена. Право да аплицираат имаат сите домашни и странски компании, како и физички лица, кои покрај апликацијата треба да достават и банкарска гаранција во висина од 2 проценти од проценетата вредност на објектот.

>> Каталог за продажба на деловен простор во сопственост на РМ