/ Прочитано:

1.114

Министерството за здравство: Се воведува можност за донирање органи меѓу парови

Четврток, 21 мај 2015 – Министерството за здравство подготвува Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.

Со Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување се уредуваат условите под кои можат да се земаат, да се чуваат, да се обработуваат, да се разменуваат, да се пренесуваат и да се пресадуваат делови од човечкото тело (органи и ткива) од живи или од умрени лица заради лекување, условите што треба да ги исполнуваат здравствените установи што вршат работи на земање, чување, обработување, разменување, пренесување и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, организацијата и спроведувањето на земањето и пресадувањето делови од човечкото тело, како и надзорот над спроведувањето на овој закон.

Од Министерството за здравство образложуваат дека трансплантацијата на човечки органи и ткива нуди големи можности за лекување на сè уште неизлечиви болести.

„Достапноста на човечки органи, ткива и клетки што се користат за терапевтски цели зависи, пред сè, од граѓаните во Република Македонија колку се подготвени да донираат органи и ткива. Со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот  за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување се врши дополнување на одредбите на постојниот закон со воведување на можноста за дарување меѓу парови, во делот што се однесува на дефинирање на лицата кои може да даруваат органи, условите за националниот координатор и други прецизирања во текстот на законот“, велат од Министерството за здравство.