/ Прочитано:

1.852

МИОА упатува повик за доставување коментари во однос на Нацрт-стратегијата за реформи во јавната администрација и Акцискиот план

Почнувајќи од вчера, па сѐ до 30 јуни 2017 година, Министерството за информатичко општество и администрација упатува ПОВИК до граѓанските организации и сите засегнати страни да достават коментари и предлози во однос на Нацрт-стратегијата за реформа на јавната администрација и Акцискиот план (2017-2022), со цел комплетирање на процесот на изработка на стратегијата.

Повикот е резултат на првата консултативна работна средба за демократски реформи на јавната администрација, која се одржа на 13 јуни во Клубот на пратеници, помеѓу претставници од Министерството за информатичко општество и администрација и граѓански организации и експерти, претставници од меѓународната заедница, синдикати и медиуми за демократски реформи во јавната администрација.

На средбата, министерот Дамјан Манчевски, меѓу другото, потенцираше дека за демократски промени во сите општествени сфери на живеење во Република Македонија, од клучна важност е граѓанскиот сектор, но и сите други релевантни чинители да бидат вклучени во процесот на креирање, мониторинг и евалуација на реформските приоритети.

Во согласност со првата консултативна работна средба за демократски реформи на јавната администрација, а во однос на завршување на Нацрт-стратегијата за реформа на јавната администрација (2017-2022) и Нацрт-акцискиот план, ги повикуваме граѓанските организации и сите засегнати страни да достават коментари и предлози во однос на нацрт-документите, како и да ги погледнат коментарите на овие два документа доставени од СИГМА.

Сите коментари и предлози може да се доставуваат на srja@mioa.gov.mk, најдоцна до 30 јуни, 2017 година.

Документи:

Нацрт-стратегија за реформа на јавната администрација за периодот 2017-2022

Нацрт-акциски план за стратегијата за реформа на јавната администрација за периодот 2017-2022

Коментари на СИГМА

М.В