/ Прочитано:

6.105

Мислења од Антикорупциска за активностите што можат да ги преземаат државните органи во предизборниот период

Што се однесува до започнатите постапки за вработувања, во согласност со закон, во органите на државната управа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, јавните установи, независните регулаторни тела основани од државата, трговските друштва основани од државата и други институции основани од државата и другите државни органи, се ставаат во мирување, освен во случај на итни и неодложни работи, во согласност со членот 8-а ст. 1 ал. 4 од Изборниот законик.

????????????????????????????????????

Државната комисија за спречување на корупцијата, во однос на прашањата за постапување за време на мандатот на составот на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници, како и за време на периодот од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија, донела повеќе мислења кои се однесуваат на органите на државната управа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, јавните установи, независните регулаторни тела основани од државата, трговските друштва основани од државата и други институции основани од државата и другите државни органи.

Мислењата главно се однесуваат на тоа дали има законски пречки да се реализираат започнати постапки за преземање на државните и јавните службеници, реализација на вработувања во органите на државната управа, како што се: фондовите, агенциите, дирекциите, реализација на јавните набавки, именувања на членови на управни и надзорни одбори, склучување договори за концесии, утврдување на текстови за предлог-закони итн.

Така, за прашањата поврзани со преземањето на државните и јавните (административни) службеници од денот на донесување на Одлуката за распишување на избори до завршување на изборот за пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија постои законска пречка да се започнат нови постапки за спогодбено преземање на државните и јавните (административните) службеници, во согласност со закон, како и да има нови вработувања во државната и јавната администрација, освен во случај на итни и неодложни работи.

Што се однесува до започнатите постапки за вработувања, во согласност со закон, во органите на државната управа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, јавните установи, независните регулаторни тела основани од државата, трговските друштва основани од државата и други институции основани од државата и другите државни органи, се ставаат во мирување, освен во случај на итни и неодложни работи, во согласност со членот 8-а ст. 1 ал. 4 од Изборниот законик.

За прашањата поврзани со јавните набавки предвидени во Годишниот план за јавни набавки, Комисијата дава мислење дека од денот на донесување на Одлуката за распишување на избори до завршување на изборот за пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија не постои законска пречка јавните набавки да се реализираат, со тоа што не треба да се прават измени во Планот за јавни набавки, додека, пак, за јавните набавки кои не биле предвидени во Годишниот план за јавни набавки постои законска пречка да се спроведат.

Според мислењето на Комисијата, од денот на донесување на Одлуката за распишување на избори до завршување на изборот за пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија не постои законска пречка Државната комисија за жалби по јавни набавки, Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка да донесуваат решенија по предмети поднесени до нив пред овој период, како и по нови предмети.