/ Прочитано:

1.364

МОН ги објави измените на сетот закони од областа на образованието (ТЕКСТ НА ПРЕДЛОГ- ЗАКОНИТЕ)

Вторник, 16 декември 2014 – Министерството за образование и наука го објави сетот закони од областа на образованието, именувани како „Пакет реформи за унапредување на образовниот систем“.

„Владата на Република Македонија е цврсто убедена од потребата и не отстапува од спроведување на реформи чија крајна цел е напредување на образованието на сите нивоа во предучилишно, основно, средно и високо образование, односно застапување на концептот за висококвалитетни квалификации.

– Република Македонија нема богати природни ресурси и затоа во глобалната светска економија и современите потреби на пазарот на труд единствено може да конкурира со високо квалитетни и силно образовани кадри.

– Целта на предложените реформи во образованието е креирање на стабилно јадро на едуцирани граѓани кои ќе бидат движечка сила на социо-економскиот развој.

– Државниот испит во високообразовните установи е една од тие мерки која се применува во голем број земји кои се карактеризираат со брз и стабилен економски развој. Предлог решението за државен испит кое ние го нудиме е прилагоден на карактеристиките на системот на високото образование во Република Македонија.

– Со пакетот педагошки реформи се предвидува зајакнување на капацитетите на постојниот и идниот образовен кадар во предучилишно, основно и средно образование, преку основање на Академија за наставници, унапредување на наставните програми за едукација на наставници, воведување на систем на континуирана обука.

– Предвидуваме професионален и кариерен развој на наставниците преку прецизирање на категориите наставник ментор и наставник советник, придружен со дополнителен финансиски стимул, односно зголемување на месечната плата на наставниците.

– Предлагаме воведување на систем на лиценцирање на наставниците кој ќе биде задолжителен за иднините наставници, но нема да биде задолжителен за постојните наставници, кои ако сакаат да поминат низ процесот на лиценцирање, платата ќе им биде зголемена за 3000 мкд месечено.

– Нашата обврска образованието на идните генерации да им биде доверено на најдобрите наставници, ќе го постигнеме преку селекција на најдобрите студенти уште за време на примениот испит и нивно континуирано стимулирање со стипендии за остварување на подобар успех. За најдобрите студенти на педагошките факултети и наставните насоки висината на стипендијата ќе изнесува најмалку 50% од просечната нето плата во земјата, а висината на стипендијата за време на стручната едукација на Академијата за наставници ќе изнесува 100% од просечната месечна нето плата.

– Предлагаме и нов концепт за едукација и селекција на квалитетен менаџерски кадар кој ќе ги води училиштата, преку квалитетна обука и полагање на испит за директор, транспарентност во полагањето на испитот и задолжителна континуирана образовна надградба.

– Очекуваме квалитативни сугестии чија крајна цел ќе биде да ги донесеме најквалитетните решенија за подобрување на образовниот систем во нашата земја“, ги образложува МОН предлог законските решенија.

Текст на предложените законски решенија:

М.В/veljanoskim@akademik.mk