/ Прочитано:

1.599

МОН подготвува измени на законите за основно и средно образование во согласност со Спогодбата со СОНК

Среда, 27 мај 2015 – Министерството за образование подготвува измени на законите за основното и средното образование заради исполнување на одредбите договорени со Спогодбата меѓу Министерството за образование и наука и СОНК .

„Со Законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование и  со Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, се врши изменување и дополнување на посочените закони во согласност со договорените одредби од Спогодбата помеѓу Министерството за образование и наука и СОНК“, велат од МОН.

Од МОН појаснуваат дека измените се во насока на регулирање на наградувањето на наставниците, нивниот напредок во кариерата и намалувањето на утврдените глоби.

„Со Законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование се врши изменување и дополнување на членот 70-a од Законот за средното образование, во кој се регулира наградувањето на наставниците во средните училишта и основните училишта и нивниот кариерен напредок според резултатите од екстерната проверка на знаењата на учениците, како и изменување и дополнување на одредбите во делот на кои износите на утврдените глоби значително се намалуваат“, истакнуваат од МОН.

М.В