/ Прочитано:

1.005

„МОНСТРУМ“: Жалбите на одбраната денеска на разгледување пред Апелација

Петок, 11 септември 2015 – По повеќе од една година од изрекувањето на првостепената пресуда за петкратното убиство кај Смилковското езеро, Апелациониот суд Скопје денеска на јавна седница ќе ги разгледува жалбите на пресудата поднесени од одбраната. Седницата првично беше закажана за 6 јули, но бидејќи обвинетите Агим Исмаиловиќ и Хаки Азири не беа спроведени од затворот Идризово истата беше одложена.

Со пресудата на Основниот суд Скопје 1 која беше донесена на 30 јуни минатата година, шестмина обвинети беа осудени на доживотен затвор, додека обвинетиот Сејди Рами  поради недостаток на докази, беше ослободен од вина.  На денешната јавна седница се очекува да биде разгледана и жалбата поднесена од обвинителката Гордана Гешкоска, која бара осудителна пресуда за Рами.

>> (ФОТО) „МОНСТРУМ“ ПРЕСУДА: Доживотна казна затвор за шестмина обвинети, една ослободителна пресуда

Маскарот кај Смилковското или Железарското езеро се случи на 12 април 2012 година, на верскиот празник Велики Четврток. Од само метар и половина, брутално е стрелано во Цветанчо Ацевски (19), Кире Тричковски (21), Александар Накевски (18), Филип Славковски (20) и Борче Стевковски (45). За овој грозоморен чин, Обвинителството ги обвини за тероризам Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сејди Рами Сејди и Хаки Азири.

Првообвинетите, Демири и Исмаиловиќ, и понатаму се недостапни за македонските судови, откако косовскиот Суд ги осуди на две и пол години затвор за недозволено поседување оружје.

Според Обвинителството, мотивот на обвинетите за свирепото убиство е предизвикување чувство на страв и несигурност кај граѓаните. 

Одбраната, пак, тврди дека тие се невини и дека вистинските убијци се на слобода.

>> Повеќе за предметот информирајте се тука.