/ Прочитано:

881

„Монструм“ повторно од почеток со седмообвинетиот Сами Љута

Вторник, 19 ноември 2013 – На 2 декември судскиот процес повторно почнува од почеток, овојпат со уште еден обвинет, седмообвинетиот Сами Љута. Според првичните сознанија, тој бил дел од групата што го изврши масакрот на 5-те невини жртви кај Смилковци пред повеќе од година и пол. 

На 2 декември обвинетиот Сами Љута ќе седне на обвинителна клупа заедно со останатите обвинети  каде се очекува проесот да стартува со нов распит на обвинети. 

Во меѓувреме, двајцата обвинети Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои најпрвин беа во бегство, моментално се наоѓаат во притвор на Косово поради нелегално поседување на оружје. Се чека на нивна екстрадиција и им се суди во отсуство. 

При крајот на месец август, полицијата го уапси Сами Љута (28) под сомнение дека е дел од осомничената група осомничена за извршувањето на петкратното убиство.

Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири се обвинети за тероризам, според обвинителството тие на  на 12 април 2012 година во очи Велигден со цел да влеат страв кај македонското население и да се загрози безбедноста на земјата, со вкупно 21 истрел од калашников и пиштол ги усмртиле на лице место петте рибари кои ги затекнале кај Смилковското езеро. 

>> Предметот целосно можете да го проследите тука.