/ Прочитано:

1.039

„Мрежа за поддршка на млади претприемачи“ – премостување на бариерите за соработка и креирање на долготрајни бизнис врски

Среда, 10 септември 2014 – На ден 11.09.2014 (четврток), со почеток од 12.00 ч, во Информативниот центар на ЕУ, ПСМ Фондација ќе одржи промотивна конференција со цел почеток и промоција на проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи“. Мрежата претставува моќен механизам за координација и поврзување на владиниот, бизнис и граѓанскиот сектор преку премостување на бариерите за соработка и креирање на долготрајни врски, истакнуваат од ПСМ Фондацијата.

На конференцијата ќе учествуваат претставници од партнерските организации вклучени во имплементација на проектот: Александар Филипоски од ПСМ Фондација, Марија Ефтимова од Здружение на работодавачи на Скопје, Емилија Велковска од Фондација МИР и Ивана Станковска од Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

На конференцијата ќе бидат презентирани активностите на проектот, како и можностите за вклучување на младинските организации во мрежата.

Од ПСМ велат дека Проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи” има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации, како и да овозможи координација на иницијативите водени од граѓанските организации за поттикнување на младинско претприемништво.

„Мрежата претставува моќен механизам за координација и поврзување на владиниот, бизнис и граѓанскиот сектор преку премостување на бариерите за соработка и креирање на долготрајни врски. Главна цел на проектот е формирање на првата национална мрежа од граѓански организации кои се фокусираат на младинско претприемништво, како и организации кои се фокусирани на социо- економскиот развој на младите луѓе во земјата. Мрежата ќе понуди безбројни можности за младите луѓе и претприемачи во земјата, ќе придонесе за поттикнување на економскиот развој преку иновации и споделување на знаење, како и ќе ја зајакне соработката и вмрежувањето помеѓу граѓанските организации“, велат од ПСМ фондацијата.

Мрежата, додават од Фондацијата, претставува инструмент кој ќе влијае на националните политики за претприемништво во координација со владините институции, нудејќи широк спектар на услуги за граѓанските организации, како обуки и градење на нивните капацитетите, вмрежување и промоција на нивните активности, подготовка и менаџирање на проекти, индивидуално советување, итн.

Инаку, овој проект е финансиран од Европската Унија, а се имплементира од 4 проектни партнери: ПСМ Фондација, Фондација МИР, Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење и Здружение на работодавачи на Скопје.

Од ПСМ фондацијата посочуваат дека реализацијата на проектот е дел од нивната мисија која е фокусирана кон поттикнување на претприемништвото и зголемување на вработеноста кај младите и тоа преку нивно оспособување да основаат сопствен бизнис.

„ПСМ фондацијата стои зад нив со поддршка преку многубројни активности и субвенции со цел да помогне во локалниот развојот на моментално најпридонесувачкиот сектор на мали и средни претпријатија. Нашата визија е да станеме лулка на претприемништвото. Да бидеме производител на иновации и нови бизниси преку постојан обрт на нови бизнис идеи кои ќе дадат поголем придонес во развојот на националната економија и наша цел е да се привлечат младите кои се иновативни, кои имаат идеи да започнат бизнис, да им се обезбеди обука за бизнис познавања, да се поврзат со соодветните бизниси партнери со цел да станат компетитивни на глобалниот пазар, за да се забрза напредокот на малите и средните претпријатија како носители на националната економија“, истакнуваат од Фондацијата.

М.В/ veljanoskim@akademik.mk