/Прочитано:

434

МТСП: Формиран специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) формираше специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории на корисници на права и услуги од надлежност на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје: деца на улица, бездомни лица, семејно насилство, нереализирање на видувања, питачење, полов напад врз деца, малолетничка деликвенција и сите други групи граѓани во состојба на ризик.

Специјализираниот тим е во функција 24/7, односно е задолжен за вршење на итни увиди во кое било време на денот и во текот на викендите. Тимот, кој се состои од двајца социјални работници, педагог и психолог, постапува по примен повик на дежурните телефонски броеви на лицата за контакт:

– 078 230 943, Даниела Копчаревска, социјален работник
– 076 381 762, Олга Губерениќ, социјален работник.