/ Прочитано:

668

МВР: Досега издадени над 53 илјади потврди за искажана намера за азил

Вторник, 1 септември 2015 – Во текот на вчерашниот ден се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на 814 странски државјани, од кои 513 мажи, 112 жени и 164 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 25 деца кои патуваат без родител, информираше МВР. 

Од 19 јуни досега, пак, вкупно се издадени  потврди на 53.571 странски државјани. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија – 43.478, потоа Авганистан – 2.825, Ирак – 2.477, Пакистан – 1.622, Палестина – 694,Сомалија – 564, Бангладеж – 360, Конго – 310, Нигерија – 188, Камерун – 158 Еритреја -142, Етиопија – 109, додека останатите се во помал број.

Од МВР информираат дека во изминатово деноноќие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, а врз основа на претходно издадена потврди. Досега од 19 јуни се поднесени 49 барања за признавање на право на азил, од кои 36 се на Сиријци.