/ Прочитано:

1.233

МВР: Вооружена група од Косово извршила терористички напад врз караулата во Гошинце

Вторник, 21 април 2015 – Терористички напад врз караулата во Гошинце, Општина Липоково, се случил ноќеска во 2.30 часот, известија од Министерството за внатрешни работи.

Како што појасни портпаролот на МВР, Иво Котевски, вооружена група од Косово ја нападнала караулата, каде што на дежурство биле четворица полициски службеници, ги разоружиле и им се обратиле на албански јазик со преведувач со зборовите дека сакаат нивна држава и оти не сакаат никакви Охридски договори.

„Напаѓачите ги разоружиле и тројца од нив ги врзале со лисици, а почнале да удираат еден од полициските службеници. Лицата извадиле и камера и го снимале настанот. Лицето што ја предводело групата, на албански јазик преку преведувач, кој говорел на лош македонски со србизми, им се обратил на врзаните полицајци со следниве зборови: „Ние сме од УЧК и пренесете на сите дека ниту Ахмети, ниту Груевски не може да ве спасат“. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви охридски договори, повеќе никој не смее да дојде нагоре. Доколку вас или кој било друг фатиме, повторно сите ќе ве ликвидираме“, рече Котевски и додаде дека членовите на групата го одзеле оружјето кое го пронашле во полициската караула и радиоврските на полициските службеници и им ги искршиле мобилните телефони.

Според информациите на МВР, маскираните вооружени лица на заминување им кажале на врзаните полицајци дека имаат половина час пеш да ја напуштат караулата и им упатиле сериозни закани дека доколку порано го направат тоа или доколку останат ќе бидат ликвидирани.

„По половина час еден од полициските службеници кој не бил врзан станал ги земал клучевите од лисиците кои биле оставени на земја во непосредна близина ги одврзал сите колеги и пеш се упатиле по патот надолу, а во еден момент одејќи по патот слушнале и долг рафал од автоматско оружје“, рече Котевски.

Котевски истакна дека МВР презема мерки за целосно расчистување на нападот врз караулата и оти во овој момент заради активностите што се преземаат на терен и кои се исклучително сериозни, не би можеле да се дадат дополнителни информации