/Прочитано:

11.317

МВР вработува 500 полицајци

Министерството за внатрешни работи, во согласност со Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец, распишува јавен оглас за вработување 500 извршители на работно место полицаец.

Поконкретно, во однос на огласот за прием на полициски службеници, предвидено е најголемиот дел од нив да бидат распоредени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје 360 извршители; потоа во Сектор за внатрешни работи Битола 20 извршители; во Сектор за внатрешни работи Охрид 30 извршители, во Сектор за внатрешни работи Струмица 20 извршители; во Сектор за внатрешни работи Штип 20 извршители; во Сектор за внатрешни работи Куманово 20 извршители; во Сектор за внатрешни работи Тетово 10 извршители и во Сектор за внатрешни работи Велес 20 извршители.

Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас. По завршување на основната обука, Министерството за внатрешни работи со кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг-листата, склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус полицаец-приправник.

Министерството за внатрешни работи укажува дека во согласност со закон полицаецот со договорот за вработување се обврзува да остане на работа најмалку пет години на работно место полицаец сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за трипати.

Повеќе за огласот на следниот линк.