/ Прочитано:

1.472

МЗМП: Повик за аплицирање на обука за адвокати и правници за застапување на нерегуларни мигранти

Среда, 7 октомври 2015 – Македонското здружение за млади правници (МЗМП) во рамките на проектот „Нерегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес” поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, ќе организира серија од пет (5) специјализирани обуки за правници и адвокати за застапување на нерегуларни мигранти.

Обуките ќе бидат еднодневни, а ќе се одржуваат во Скопје во перодот од ноември 2015 до jуни 2016 година.

Можност за учество на обуката имаат 20 правници и адвокати кои се активни во заштитата на човековите права и ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Завршен правен факултет;
  2. Да има најмалку 3 годишно искуство во водење на предмети во областа на заштитата на човековите права;
  3. Да има основи познавање на националната правна и институционална рамка за постапување со нерегуларни мигранти;
  4. Да покаже мотивираност и интерес за правна помош и водење на предмети кои се однесуваат на застапување на нерегуларни мигранти.

Учесниците што успешно ќе ја завршат серијата на обуки ќе добијат Сертификат за учество.

„Сите заинтересирани адвокати, својот интерес за учество во обуката со поднесување на CV и мотивационо писмо треба да го пријават на следнава е-маил адреса contact@myla.org.mk најдоцна до 15 октомври 2015 година 17:00 часот, со назнака „Апликација за обуки за застапување на нерегуларни мигранти”. Селекцијата на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на комисија, составена од Македонското здружение за млади правници.

Ве молиме имајте во предвид дека само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани дополнително“, информираат од Здружението.