/ Прочитано:

975

На 12 ноември АКАДЕМИК ОБУКА за јавни набавки наменета за економски оператори!

Среда, 29 октомври  2014 – На 12 ноември (среда) во Конференцискиот центар на Queen Hotel во трговскиот центар Зебра со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи еднодневна АКАДЕМИК ОБУКА за јавни набавки наменета за економски оператори – Права и обврски на економските оператори во постапките за доделување на договори за јавни набавки со практична примена на одредбите и измените од Законот за јавни набавки бр.148/2013; 28/2014; 43/2014 и 130/2014.

Темата за јавните набавки секогаш наметнува прашања кои истовремено се сфера на актуелност, но и сфера која отвора многу дилеми, особено низ праксата. Тоа е мотив повеќе  АКАДЕМИК да организира практична обука за јавните набавки, со што на учесниците на обуката ќе може да им се понуди попрактичен пристап и поширок едукациски спектар во елаборацијата на јавните набавки за економски оператори – права и обврски на економските оператори во постапките за доделување на договори за јавни набавки со практична примена на одредбите и измените од Законот за јавни набавки.

 На обуката ќе се разгледаат, објаснат и дебатираат следните значајни прашања:

  • Дефинирање на одредени поими од Законот за јавни набавки, право на учество на економските оператори во постапките за доделување на договори за ЈН, видови договори за ЈН, дејствија пред објавана оглас за доделување на договор за ЈН.
  • Новини кај видовите на постапки и посебните начини за доделување на договори за ЈН, подготовка и поднесување на понуда и задолжителна документација,права и обврски на ЕОсогласно барањата и условите дефинирани во тендерска документација, (технички спецификации, критериуми за способност, изјави на економските оператори, гаранции) јавно отворање и евалуација на понудите.
  • Права и обрски на економските оператори при користење на ЕСЈН, електронски аукции, завршување на постапката за доделување на договор за ЈН, склучување на договор или поништување на постапката.
  • Подготовка на жалба во постапката за доделување на договор за ЈН, содржина на жалбата, начин на изјавување, дејство, одлучување по жалба, ДКЖЈН.
Свои излагања во однос на предметната тематика ќе имаат реномираните експертки од оваа област:

Маја Малахова м-р правни науки  – Претседател на Државна комисија за жалби по јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија и во Државната комисија за жалби по јавни набавки, како и претходно искуство како судија и адвокат.

Татјана Пешевска дипл.екк. – Раководител на внатрешна ревизија при АД МЕПСО Скопје, Овластен Државен Ревизор, Сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за ЈН.

Ирена Стоименова дипл.екк. – Советник за комерцијални работи во АД ЕЛЕМ, Сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за ЈН во Министерство за финансии, Град Скопје и АД ЕЛЕМ, искуство во имплементирање на Законите од други области (Закон за градење, Закон за минерални суровини и др.) во склад со ЗЈН.

Вообичаено за АКАДЕМИК ОБУКИТЕ предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и практични примери. ПРИЈАВЕТЕ СЕ најдоцна до 10.11.2014  на email: practicum@akademik.com. mk или на тел. број:02/32 32 821! – Цената на обуката е 4.200 денари + 18% ДДВ – Бројот е ограничен на 30 учесници по обука! – Цената е за еден учесник за еден ден За корисниците на www.akademika.com.mk следува 10% попуст! >>> Прилог агенда за обуката: