/ Прочитано:

861

НА 16-ти ОВОЈ МЕСЕЦ: Академик еднодневна обука за новитетите во канцелариското и архивското работење!

Почитувани, Ве известуваме дека Академик организира еднодневна обука за новитетите во канцелариското и архивското работење, која ќе се одржи на 16.12.2014 год. – вторник во конференциската сала во Квинс хотел во Т.Ц. Зебра.

Покрај општиот осврт кон новитетите во канцелариското и архивското работење, во првиот дел од обуката, посебно ќе бидат разгледани и Уредбата за канцелариското и архивското работење и Упатството за начинот и техниката на постапувањето со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, како и нивната имплементација; во вториот дел од обуката предавачот ќе се осврне на новитетите во Законот за архивски материјал и подзаконските акти за архивското работење, како и нивната имплементација.

Реномираните предавачи од Државниот управен инспекторат и Државниот архив на Република Македонија несебично ќе им ги пренесат своите искуства, знаења и идеи на учесниците на обуката.

Пријавете се со едноставно реплицирање на овој мејл или на телефон 02/3232-821, најдоцна до 15.12.2014 год. – понеделник.

Плаќањето за учество на обуката се врши по основ на про-фактура, пред или по завршување на обуката. Во прилог е агендата за престојната обука: