/ Прочитано:

909

НА 21 АПРИЛ АКАДЕМИК ОРГАНИЗИРА ОБУКА НА ТЕМА: Имплементација на одредби од Законот за трговски друштва

Среда, 8 април 2015 – На 21 април Академик ќе одржи обука на тема „Имплементација на одредби од Законот за трговски друштва“. Обуката ќе биде еднодневна и ќе се одржи во конференцискиот центар на хотелот „Квинс“ во ТЦ „Зебра“ со почеток во 10.00 часот.

На обуката ќе се говори за значајни прашања од областа на управувањето со акционерските друштва, системот на организација и одржување на собранието во акционерските друштва и стечајот на друштвата со ограничена одговорност и акционерските друштва.

Проф. д-р Горан Коевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе говори за прашањата поврзани со едностепениот и двостепениот систем на управување со акционерски друштва – можни системи на управување во друштва со ограничена одговорност, елаборирајќи ја притоа и практичната компаративна анализа меѓу системите на управување во акционерските друштва и друштвата со ограничена одговорност.

Јасна Цветковска-Велковска од Секторот за правни и корпоративни прашања во Македонски Телеком  АД – Скопје, преку  практичен приказ на системот на организација и одржување на собранието во акционерските друштва, ќе говори за  прашањата во врска со свикувањето на собрание, за правото на акционерите за вклучување на нови точки во дневниот ред, за предлагањето на одлуки по секоја од точките на дневниот ред и за правото на поставување прашања, за учеството и гласањето преку полномошник и за начинот на гласање.

Обуката ќе ја заокружи излагањето на доц. д-р Костадин Дуковски од Правниот факултет на ЕУРМ, лиценциран вештак и внатрешен ревизор, кој ќе говори за стечајот на друштвата со ограничена одговорност и акционерските друштва, посебно за  впаричувањето на имот и наплата на побарувања и за одговорност на членовите на органите на управување.

Предавањата на обуката ќе бидат презентирани преку практични примери и со доволно време за поставување прашања, во функција на креирање на интерактивна дебата низ која ќе се разменат искуства, предлози и сугестии за тематската проблематика.

Пријавете се најдоцна до 17.4.2015  на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на тел. број: 02/32 32 821 или 02/32 37 465

  >>> Прилог: агенда за обуката: