/ Прочитано:

787

На 30 јануари АКАДЕМИК ОБУКА за актуелната тема: Новитети во канцелариското и архивското работење!

Вторник, 13 јануари 2015 – На 30 јануари 2015 (петок) во салата за конференции на хотелот „Квинс“ во трговскиот центар „Зебра“ со почеток во 10.00 часот ќе се одржи еднодневна АКАДЕМИК ОБУКА за актуелната тема: Новитети во канцелариското и архивското работење.

На обуката поконкретно ќе се разгледаат, ќе се образложат и ќе се дискутираат прашањата поврзани со Уредбата за канцелариско и архивско работење, Упатството за начинот и техниката за постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, прекршочните глоби и практичната примена. На овие прашања свој осврт ќе има Југослав Ѓорѓиевски, управен инспектор во Државниот управен инспекторат.

За новините во Законот за архивски материјал и подзаконските акти за архивското работење и нивната практична примена ќе говори реномираниот универзитетски професор д-р Ацо Ангеловски, инспектор во Државниот архив на Република Македонија.

Поаѓајќи од поставените принципи секогаш да се следат суштествените и најактуелни прашања од областа на правно-деловните и економските практики, Академик и овој пат, со веќе докажаниот професионален пристап во организацијата и со едукативниот концепт, со обуката ќе придонесе во третирање на темата што е од огромно практично значење за деловните субјекти и институции,  сè со цел да се оформат многу повеќе сознанија и едукација при практичната примена на законските новини.

Ве покануваме да бидете дел од оваа обука што ќе ви овозможи да се стекнете со нови информации, едукација, обука, вештини и професионални контакти.

Вообичаено за АКАДЕМИК ОБУКИТЕ предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и практични примери. ПРИЈАВЕТЕ СЕ најдоцна до 25.1.2015  на email: practicum@akademik.com.mk или на тел. број:02/32 32 821! – Цената на обуката е 4.200 денари + 18% ДДВ! – Бројот на учесници е ограничен! – Бесплатни материјали и сертификат! За корисниците на www.akademika.com.mk следува 10% попуст! >>> Прилог агенда за обуката: