/ Прочитано:

890

На 6 март Академик ќе одржи обука за законските новини од областа на канцелариското и архивското работење

Вторник, 24 февруари 2015 – На 6.3.2015 со почеток во 10.00 часот во конференцискиот центар на хотелот „Квинс“ – Трговски центар „Зебра“, Академик ќе одржи обука за законските новини од областа на канцелариското и архивското работење.

Обуката се организира со цел детално да се идентификуваат, да се разгледаат и да се дискутира за прашањата поврзани со практичната примена на законските новини од областа на архивското и канцелариското работење.

 Поконкретно, предмет на обуката ќе бидат следните тематски делови:

  • осврт кон новините на канцелариското и архивското работење преку елаборација на Уредбата за канцелариско и архивско работење, Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во архивското и канцелариското работење, прекршочните глоби и практичната примена и
  • новините во Законот за архивски материјал и пакетот подзаконски акти поврзани со материјата на канцелариското и архивското работење.

Предавач на обуката ќе биде д-р Ацо Ангеловски, универзитетски професор по предметите Канцелариско работење и Архивско законодавство на Филозофскиот факултет при УКИМ .

Проф. д-р Ацо Ангеловски воедно е и инспектор во Државниот архив на Република Македонија и важи за еден од најдобрите познавачи на теоријата и практиката од научната област за архивистиката и канцелариското работење.

Покрај излагањето на предавачот, вообичаено за обуките на Академик, предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и презентација на практични примери.

 Пријавете се најдоцна до 4.03.2015  на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на тел. број: 02/32 32 821

 >>> Прилог агенда за обуката: