/ Прочитано:

1.817

На Косово уапсени Африм Исмаиловиќ и Алил Демири – обвинети за директно извршување на петкратното убиство кај Смилковци

Недела, 3 март 2013 – Косовската полиција денеска околу 19 часот ги уапсила Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, прво и третообвинетиот за петкратното убиство што се случи кај Смилковското eзеро. 

Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро.

Информацијата за апсењето ја потврди МВР. 

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија беше известено од страна на косовската полиција дека се приведени двајцата првоосомничени во случајот Монструм”. Имено лицата одговарале на описот и пред полицијата се преставиле како Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Министерите за внатрешни работи  на РМ и на Косово веќе стапија и во директен  контакт. Со оглед на фактот дека лицата не поседуваат  документи за потврда на идентитетот, ќе бидат направени сите неопходни проверки, а по целосното завршување на идентификацијата, МВР ќе излезе со официјална информација во текот на утрешниот ден”, соопштија од МВР.

На едно од изминатите рочишта се утврди дека ДНК трагата што е пронајдена во црвеното возило „Опел омега“ се поклопува со ДНК на првообвинетиот Демири.

Процесот против петмината обвинети за случајот „Монструм“ стартуваше на 20-ти декември лани, на Исмаиловиќ и Демири досега им се судеше во отсуство.